X
 11.04.2018 Живот

Ново ТВ-шоу: Милијардер на тајна задача - да изгради компанија за 90 дена

Ако оставите милијардер во некој случаен град, со само неколку долари и желба за создавање нешто, дали би можел да направи бизнис вреден милион долари за само неколку месеци?

тв шоу

Ова е прашањето што „Дискавери“ се обидува да го одговори во новото ТВ-шоу наречено „Милијардер на тајна задача“, кое наскоро ќе почне со снимање и ќе трае 90 дена.

„Милијардерот дојде кај нас со идејата бидејќи сака да се тестира“, вели главниот директор за бренд на „Дискавери“, Ненси Даниелс. Тој бил некој што немал ништо пред да се збогати и бил 100 отсто сигурен дека повторно може да го направи истото.

Ова е тестот што го измислиле: Ќе му бидат дадени три месеци за да изгради компанија вредна милион долари од нула во непознат град со средна големина, без корист од неговите претходни контакти и само 200 долари во џебот.

Даниелс не сака да го открие името или индустријата на милијардерот, меѓутоа, рече дека нема да биде препознатлив за повеќето луѓе.

Во шоуто, публиката ќе знае кој е од самиот почеток, но луѓето со кои работи тој нема да знаат до самиот крај.

Без разлика дали ќе успее или не, ова ќе биде тест и за американскиот капитализам и идејата за самосоздаден човек. Колку од неговиот почетен успех било среќа, а колку вродена способност? Дали претприемачката молња може да „удри“ двапати без финансиска поддршка?

Шоуто е поврзано со „преземање на сопствениот живот во сопствени раце“, додава Даниелс. А резултатите ќе покажат многу за степенот до кој е тоа можно.

Милијардерот им кажал на продуцентите неколку бизнис-индустрии за кои мисли дека би можеле да бидат истражувани во шоуто, а во никоја од нив претходно не учествувал. „Пред да го запознам, се сомневав за неговите шанси. Но откако го запознав, мислам дека може да успее. Ќе има 90 дена да се покаже во вистинско светло“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот