X
 11.08.2015 Технологија

Што да очекуваме од новиот iPhone 6s?

Apple наскоро ќе го објави неговиот најнов iPhone. Се шпекулира дека тоа ќе се случи на 9 септември, со годишниот настан на Apple, додека продажбата ќе се случи две недели подоцна.

 

foto


Се`уште многу да се дебатира за тоа дали уредот ќе се нарекува iPhone 7 или iPhone 6s. Надградбите наречени „S“ повеќе се поврзани со она што е во внатрешноста на уредот отколку надвор без некаква значајна промена во дизајнот. Сепак, шпекулациите и извештаите укажуваат на тоа дека камерата, батеријата и дисплеј технологијата ќе претрпи доста промени.

Што најверојатно ќе вклучува

Apple става доста акцент на iPhone-от како уред за фотографирање, и бара да преземе чекор понатаму со iPhone 6s.

Еден вработен во Foxconn, кинеска компанија која ги создава oвие паметни телефони, тврди дека iPhone 6 и iPhone 6s Plus ќе имаат 12 MP задна камера и видео кое поддржува 4К.

Apple тајно експериментира со леќите на двојната камера веќе три години, велат шпекулации од Кина. Мала е веројатноста овој iPhone да добие двојни леќи, меѓутоа знаеме дека Apple беше награден со патент во 2013 година за поставување на двојни леќи.

Големиот напредок со iPhone 6s кој веројатно треба да се очекува е технологијата Force Touch. Apple дебитираше со овој нов вид на дисплеј со Apple Watch и со новиот Macbook претходно оваа година, со кој уредот може да детектира различни притисоци кога се користи допирање на екранот.

 

2


На пример, кога го користите Apple Watch, можете да притисните надолу со поголема сила за да го промените лицето.

И покрај тоа што се`уште не е објавено, девелоперите се веќе возбудени за потенцијалот на технологијата, тврдејќи дека ќе биде корисна колку кликот на десното копче од глушец.

Се очекува и двата модели да добијат повисока резолуција на екранот за појасен приказ. Исто така, се шпекулира дека телефонот конечно ќе има стакло од сафир кој ќе помага да се заштити од гребнатини и кршење.

Што не треба да очекувате

Со S циклусите, компанијата никогаш не воведува радикални промени, па не очекувајте нова големина на екранот или пак нов дизајн. Во најдобар случај Apple може да воведе нова боја, но и тоа се чини помалку веројатно.

И покрај тоа што е омилена функција кај корисниците на Android, сепак Apple не воведува безжично полнење, поради желбата на компанијата да создаде свој безжичен стандард.

Што се однесува до цената, не очекувајте големи промени. Apple останува скап.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија