Научниците на кои им се потребни 1.000 полжави за истражувачки цели апелираа до граѓаните да фатат полжави и да им ги испратат по пошта.
Проектот, предводен од Универзитетот „Харпер Адамс“ во Шропшир, има цел да ја намали зависноста од употребата на хемикалии со проучување на однесувањето на полжавите.
На истражувачите сега им се потребни полжави за да ја тестираат пченицата отпорна на нив.
- Полжавите ќе уживаат, во ред е да ги испратите по пошта - вели професорот Кит Волтерс од Универзитетот „Харпер Адамс“.
Според него, кога ќе пристигнат во лабораторијата, ќе ги почестат со највкусната органска зелена салата додека чекаат да учествуваат во научни тестови.
Претходните истражувања открија дека полжавите се собираат во групи, што е поврзано со факторите на почвата.
Целта на проектот е да се предвиди каде се собираат полжавите, што научниците се надеваат дека може да доведе до потреба од користење помалку хемикалии на теренот.
- Најдовме пченица отпорна на полжави и почнуваме да ја тестираме во лабораторија - рече професорот Волтерс.
Извор:
Lola Magazin
Фото: Freepik