X
 25.08.2015 Економија

Клучни работи кои треба да ги знаете за кинеската економска криза

Изминативе 10 недели економијата и пазарот на Шангај и Кина седат на „жешко столче“, а се очекува падот да биде уште поголем.

 

kina


Најновата рецесија доаѓа откако остатокот од светот започна да се грижи за состојбата на економијата во Кина. Клучниот индекс објавен во петокот покажа дека излезот на кинеските фабрики е на најниско ниво. Тоа предизвика глобална продажба на акциите затоа што инвеститорите се загрижени за состојбата на кинеската економија.

Зошто акциите паѓаат?

Претходно оваа година, берзата на Кина покажуваше знаци за предупредување.  Акциите дојдоа во време кога пошироката економија беше побавна, збунувајќи голем број финансиски аналитичари.

„Берзата на Кина се оддели од реалноста на сопствената економија, и се прикажа преценета“, вели Патри Чованец, управен директор на „Silvercrest Asset Management“.

Кина прави се` за да го реши проблемот

Некои од аналитичарите сметаат дека берзата е подложена на процес на „корекција“.

Народната банка на Кина ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, брокерските куќи имаат обврска да купат акции во вредност од неколку милијарди, а регулаторите најавија де факто укинување на новите огласи на акции.

Донг Тао, главниот економист во Азија, вели дека Пекинг стравува дека акциите ќе ја „поткопаат“ потрошувачка, а кога луѓето ќе доживеат загуби, мала е веројатноста да трошат пари.

„Тоа создава разни видови на ризици за економијата и за финансискиот систем. Токму за ова е доста загрижен Пекинг“, изјави тој.

Очигледно, инвеститорите не се убедени од мерките и напорите на владата. Кинеската берза постојано одеше нагоре и надолу во последните неколку недели, понекогаш отворајќи со скок од 7%, а потоа затворајќи го денот со дупло помалку.

Како сето ова ќе влијае врз остатокот од светот?


Неколку странски инвеститори имаат директна изложеност на овие берзи - само 1.5% од кинеските акции се во сопственост на странци, а Кина се`уште го ограничува износот на странски инвестиции.

Вистинската грижа за сите оние надвор од Кина е економскиот пад и поширокото влијание од флкутуирачката берза.

Стравувањето од рецесија во Кина веќе ја зголеми цената на железната руда и бакарот оваа недела. Земјите како Австралија и Бразил веќе страдаат.

Што значи ова за кинескиот народ?


Кинескиот народ е најголемата жртва на економската криза. Милиони од нив веќе започнаа со позајмување на пари за да инвестираат.

„Знам многу луѓе кои ги продале куќите за да инвестираат во акции. Сега се` за нив е завршено“, вели еден брокер.  Сепак, економистите велат дека акциите сочинуваат 15 до 20% од богатството на кинеското домаќинство.

Што ова значи за кинеските лидери?

Претседателот Кси Џинпинг себеси се смета за „силен човек“ кој тргнал во лов на „тигри“. Но, падот на берзата е сериозен предизвик за најтесното раководство на Кина.

„Владата сака да го врати движењето на пазарот - ова не е пазарна политика. Ова е голема пречка за кинескиот пазар“, вели Донг. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија