По 15-годишен развој и речиси седум години подоцна од планираното, првпат беше вклучен јапонскиот експериментален фузиски реактор „ЈТ-60СА“. Минатата недела во него првпат вртеше плазма, што го прави најголемиот активен фузиски реактор во светот.
Фузискиот реактор користи уред наречен токамак и магнетни полиња за да ја насочи плазмата во него. Тој е висок 15,5 метри и може да содржи 135 кубни метри плазма, а е дизајниран да работи со плазма до температури од 200 милиони Целзиусови степени во период до 100 секунди.
Од своите почетоци, овој проект имаше технички предизвици и поместување на роковите, а неговата изградба заеднички ја започнаа ЕУ и Јапонија во 2013 година, по неколкугодишно планирање. Неговото вклучување првично беше планирано за 2016, но поради неколку технички проблеми, тој рок повеќепати беше одложуван.
Инженерите велат дека ќе поминат уште најмалку две години пред првите значајни експерименти во овој реактор. Ова официјално пуштање во употреба само покажува дека проектот е на добар пат и дека ја исполнува својата примарна цел.
Во наредните години ќе се испитаат неговите можности, а потоа ќе започнат експерименти во кои треба да се создаде повеќе енергија отколку што е вложено за започнување на реакцијата - што ќе биде главната цел на идните фузиски реактори.
Извор:
Bug
Насловна фотографија:
QST