На листата на најголеми компании во светот „Global fortune 500“, дури 61 се кинески. Две од најголемите десет банки се кинески. Кина е велесила и секоја нејзина одлука во поглед на економијата има потенцијал да влијае на целиот свет. Економскиот раст на Кина се основал на извозот и производството на индустриските производи и во тие две активности, Кина растеше до 2008 година.
Првите проблеми започнаа со светската финансиска криза и големата рецеција која значајно ја намалила потрошувачката на глобалниот пазар, а со тоа и побарувачката за кинески производи. За да го задржи растот, државата започна со спроведување големи инфраструктурни проекти и стимулација на домашната потрошувачка од страна на средната класа. Планот бил до 2030 година, Кина да стане најсилна економија во светот. Просечниот раст дотогаш би требало да биде 7%.
Меѓутоа, политиката за едно дете довела до стареење на просечното население во светот. Тоа значи дека се забележува недостиг на нова работна сила. Освен тоа, половина од кинеското население живее во градоците, а загадувањето го нарушува квалитетот на животот и здравјето на граѓаните. Задржувањето на едноставното производство станува напор бидејќи до 2020 година, Кина ќе има 200 милиони граѓани со факултетско образование. Истовремено, Комунистичката партија и Си Џинпин, кој е на чело со републиката и партијата од 2012 година доведоа зголемена цензура и контрола на интернетот и медиумите, а борбата против корупцијата се води со драстични методи.
Во 2008 година, државата започнала со користење кредити од невидени размери поради рецесијата. Речиси сè било финансирано со кредити од државни и приватни банки. До 2014 година, износот на кредитите бил 28 милијарди долари, односно 282% од БДП. Овие кредити и зголемената потрошувачка на средната и високата класа создал балон на пазарот на недвижности, а порастот на депозитот во банките создал кредитен балон.
Министерството за финансии направило план за излегување од балонот со минимални негативни последици. Државните компании поттикнувале на издавање акции во кои ќе вложуваат државните и приватните фондови, а брокерските куќи да добијат доволно кредити да се овозможи купување акции и други хартии од вредност со примамлива вредност. Истовремено, медиумите им објаснувале на граѓаните зошто вложувањето во акции е најдобар начин за штедење.
На почетокот, планот функционирал. Кина е најголем увозник на повеќе суровини и минерали, а наскоро била забележана непланирала намалена потрошувачка на истите. Со тоа паѓала цената на материјалите и кинеското производство започнало да стагнира, а растот на БДП се темелел само на растот на услугите и домашната потрошувачка. Кинеската економија не растела со планираната стапка, па кинеската средишна банка започнала да ја намалува основната годишна каматна стапка.
Странскиот капитал започнал да се повлекува од Кина. За само неколку недели, индексот на Шангајската берза изгубил вредност од 35%. Народната банка на Кина ја намалила каматната стапка двапати, но немало ефект. Вредноста на акциите на пазарот се намалила за 8 милијарди долари.
Кина е една од четирите столбови на развојот во светот, заедно со САД, ЕУ и државите кои се големи извозници на нафта и останати минерали. Извозниците на суровини и материјали се изложени на рецесија поради економската криза во Кина. Падот на вредноста на индексот во Шангај и Шенџен ја задрмаа светската берза, а
секоја лоша одлука на Комунистичката партија во Кина може да влијае на целиот свет.