X
 06.09.2015 Живот

Како да им помогнеме на емигрантите?

После Втората светска војна светот не видел толку луѓе присилно раселени од војната и прогонувањето. Во продолжение ви нудиме ТЕД говори за тоа колку е важно да им се помогне на бегалците да изградат нови лични приказни.

 

бегалци

 

Мелиса Флеминг - Како да им помогнеме на бегалците повторно да го изградат светот?

 

Денешната криза со бегалците е најголема со која светот се соочува после Втората светска војна, и се`уште расте. Кога овој говор беше одржан, 50 милиони луѓе беа присилени да се преселат од нивните домови поради конфликти и војна; а денес, 1 година подоцна, бројката се зголеми на 60 милиони.  Мелиса Флеминг од агенцијата за бегалци на ОН ја раскажува приказната на бегалците и не` замолува да им помогнеме за повторно да го изградат нивниот свет.

Барат Али Батор - Моето очајно патување со шверцер

 

Фото-новинарот Барат Али Бато живеел во Авганистан - се` додека неговата ризична работа го натерала да ја напушти државата. Но за Батор. преселувањето во Пакистан се покажа доста опасно. Пронаоѓање на безбедно место не беше исто лесно колку купувањето на авионски билет. Наместо тоа, тој беше принуден да плати шверцер и да се приклучи на смртоносен бран на емигранти кои бараа азил. Тој го документира ужасното океанско патување и го прикажа преку моќни фотографии.

Софал Еар - Бегство од Црвените Кмери


 

ТЕД соработникот Софал Еар ја споделува неговата приказна за бегството на неговото семејство од Камбоџа за време на владеењето на Црвените Кмери. Тој се сеќава како лукавоста и решеноста на неговата мајка за да ги спаси своите деца.

Тан Ле Мој - Емиграционата приказна

 

Во 2010 година, технологот Тан Ле, застана на сцената TEDGlobal, за да прикаже нов моќен интерфејс. Но сега, како гостинка на TEDxWomen, таа ја раскажува доста лична приказна: приказната за нејзиното семејство - мајка, баба и сестра - кои избегале од Виетнам за да изградат нови животи.

Сара Камински - Татко ми, фалсификаторот

 

Сара Камински ја раскажува приказната за нејзиниот татко Адолфо и неговата активност за време на Втората светска војна - користејќи ја својата оригиналност и талент за фалсификување за да спаси животи.

Крис Абани - За човечност

 

Крис ја раскажува приказната на луѓето кои сочувствуваат. Луѓе кои се луѓе во вистинска смисла на зборот и кои ја враќаат својата хуманост.

Хејеонсео Ли - Моето бегство од Северна Кореја

 

Како дете во Северна Кореја, Ли мислела дека нејзината земја е „најдобрата на планетата“, се додека не изби гладот во 90-те и таа започна да се прашува и преиспитува. На 14 години избега од Северна Кореја и заврши во Кина. Нејзината приказна изобилува со елементи на опстанок и надеж и претставува моќен потсетник за тие кои постојано се во опасност дури и кога границата беше далеку зад неа.

Рик Смолан - Приказна за една девојка

 

Фотографот Рик Смолан ја раскажува незаборавната приказна за млада девојка, судбинска фотографија и сага за посвојувањето со еден пресврт.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот