Изминатата недела дознавме дека Германија ќе дава работни дозволи за земјите од западен Балкан како овие работници би добиле полесен пристап до германскиот пазар на работа. Планот ќе се реализира во текот на следните 5 години, а годишно би биле примани по 20.000 работници. Но, дотогаш треба чекање.
Имено, „Шпигел“, што ја објави информацијата за примање работници од западен Балкан, објавува дека од Германија биле депортирани најмалку 10.000 странци од почетокот на годината, најмногу од кои биле од западен Балкан.
Германија годинава очекува прилив од приближно 800.000 бегалци, поради што до крајот на годината ќе бидат одбиени 75.000 повеќе барања за азил за луѓето од западен Балкан.
Меѓу земјите кои се на листата се наоѓа и Македонија, покрај Србија и Босна и Херцеговина.