X
 16.09.2015 Технологија

Возот кој ќе патува со брзина на куршум

Се сеќавате на Илон Маск? Тој е човекот зад „Тесла моторс“, „Спејс-екс“, а сега и зад проектот „Хиперлуп“.


Магнатот ја претстави својата идеја за подземна железница во која возовите би можеле да патуваат и до 1.200 километри на час. Колку за претстава, патот од Мадрид до Барселона (620 километри) би траел половина час, наместо 75 со моменталните возови.

Пробната пруга од 8 километри ќе биде изградена на југот на Калифорнија, најави Маск. Прототипот на возот годишно би можел да пренесува повеќе од 10 милиони луѓе.

На конференцијата во Шпанија која се одржа изминатиот викенд, директорот на компанијата која го овозможува проектот, Дирк Алборн, изјавил дека технологијата за проектот веќе постои.

- Технологијата ја имаме, а во тек е и постапката за собирање документации и добивањето на потребните лиценци за сообраќај и работа. Со изградба ќе започнеме следната година, а првите патници во нашите возови би можеле да патуваат веќе во 2018 или 2019 година - изјави Алборн.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија