Компјутерите денес се познати по тоа што совршено го владеат шахот, и тоа не е изненадување. Но, повеќето програми за шах, уште од воведувањето на „Deep blue“ на IBM во 1996 година, бара од вас брутално мислење и исто такви потези.
Кога „Deep blue“ го победи шаховскиот мајстор Гари Каспаров во 90-те, компјутерот пребара околу 200 милиони потези во секунда, додека Каспаров можеше да размисли само за 5 во секунда. „Deep blue“ го победи Каспаров не само затоа што беше одличен шаховски играч, туку затоа што ја имаше моќта да обработи и да елиминира опции со неверојатна брзина.
Меѓутоа, нова машина со вештачка интелигенција го револуционизира компјутерскиот шах преку учење. Според „Techonolgy Review“ од Технолошкиот институт во Масачусетс, таканаречената машина
„Giraffe“, научи да игра шах за 72 часа. Машината користи невронска мрежа инспирирана од човечкиот мозок, која се состои од неколку слоеви на јазли чии врски се менуваат како што учи системот.
Ова значи дека научниците можат да „ја научат“ машината да игра шах внесувајќи податоци добиени од вистински шаховски партии. Машината ги забележува податоците и учи да препознава кои потези се силни, а кои слаби. Наместо да размислува за милиони позиции за секој потег, машината применува стратегија и е во можност да разгледува помалку позиции, исто како човекот, затоа што уште од почетокот може да отфрли потези кои немаат смисла.
Творецот на машината, Метју Лаи, го тестирал напредокот на машината. Тој користил база на податоци наречена „Strategic test suite“ која го оценува разбирањето на машината за различни стратегии, како „разбирањето за тоа како вредностите на ловецот и коњот во однос еден на друг се менуваат во различни ситуации“. Според Лаи, машината го достигна својот врв после 72 часа тренирање, со што се смести меѓу 2.2% врвните шаховски играчи.
„За разлика од повеќето шаховски машини кои постојат денес, „Giraffe“ ја црпи својата сила не преку гледањето напред, туку преку можноста точно да ги процени незгодните позиции и преку разбирањето на комплицирани позициони концепти кои се интуитивни за луѓето, меѓутоа биле невозможни за шаховските машини долго време“.