X
 29.03.2016 Култура

Што останало од Палмира, древниот град кој беше заземен од ИСИС?


Раководството на сириската војска во неделата објави дека во целост ја презела контролата над градот Палмира во сириската покраина Хомс, со тоа остварувајќи победа за која се тврди дека претставува почеток на крајот на терористичката Исламска држава.

На интернет се појавија видео снимки од историскиот град основан во 3-от век пред нашата ера. Во видео снимено со беспилотско летало може да се видат остатоците од древниот град и огромната штета која ја направиле џихадистите.

Инаку, Исламската држава ја заземаа Палмира изминатата година и го згрозија светот со снимки од уништувањето на старите споменици од непроценлива вредност.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура