X
 11.10.2019 Живот

Секојдневно му викам на детето, го потчукнувам и не знам како да си помогнам

Имам 31 година, имам високо образование, вработена сум и имам ќерка од речиси 3 години. Ќерка ми е здраво дете, нормално во секој поглед, темпераментна, зборува течно и разбирливо, а пелени не користи, ги откажа без проблем. Ова го пишувам за да ви доловам дека немам некој посебен проблем со неа. Единствено што ми пречи е кога „барам“ од неа нешто да направи. На пример, ќе ѝ кажам да не скока по креветот, дека е опасно и може да падне и да се повреди, ѝ предлагам да играме криенка или да ручаме како алтернатива, но многу често не ме перципира што ѝ зборувам. Таа си продолжува по свое, сè додека не ја искарам со висок тон, а во последно време сум забележала и дека треба да ја удрам по газето (не силно), само како знак дека јас зборувам веќе подолго време за да ме послуша. Потоа, макар и да не ја удрам, следува плачење на цел глас. Кога јас би поминувала покрај таква куќа и би го слушнала таквото плачење, сешто би си помислила, а таа плаче ни допрена, а камоли малку да ја удриш.

Ова е дел од прашањето на мајка, упатено до психолозите, соработници на Деца.мк.

Одговорот на Радмила Живановиќ, лиценциран психолог-психотерапевт, прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот