НАСА штотуку најави дека подготвува да претстави „големо научно откритие“ во врска со Марс. Откритието ќе биде претставено на голема прес-конференција закажана во Вашингтон.
Прес-конференцијата е наречена „Решена мистерија на Марс“ и дел од неа ќе биде посветен на поставување кратки прашања преку хаштагот #AskNASA.
Објавена е и листа на учесници на конференцијата, а според имињата на научниците, медиумите сметаат дека НАСА би можела да соопшти дека на Марс е пронајдена вода. Знаеме дека онаму кадешто има вода, има можност и за живот.
Конференцијата ќе биде одржана во понеделник, на 28.09 во 11,30 часот по локално време.