Група истражувачи водени од научници на Националниот универзитет во Австралија потврдиле дека постои уште еден слој во јадрото на Земјата. Станува збор за слој кој го сочинува центарот на внатрешното јадро.
Сè уште е тешко да се анализира и набљудува овој нов слој, објаснува Џоен Стивенсон, главен автор на
истражувањето на кое работеле научниците. Сепак, таа додава дека откритието може да им помогне на научниците да објаснат што се случувало со нашата планета во минатото. На пример, составот на новооткриениот слој покажува дека во минатото нашата планета поминала низ два периода на ладење.
Досега беше познато дека Земјата е составена од кора, плашт, надворешно јадро и внатрешно јадро. Новиот слој се наоѓа во внатрешното јадро.
Научниците велат дека иако откритието на тимот е ново, концептот за постоење на уште еден слој во Земјата постоел со години и заклучоците на истражувачите одговараат со други истражувања кои се фокусирале на централниот дел од внатрешното јадро.
Автор: Фабиен Ланг
Извор:
interestingengineering.com
Фото:
Australian National University