„Ми се чини, со години или премногу долго, политиката е загрижена за левата и десната страна, наместо за погрешното и правилното“ - Ричард Армор
„Политичарите и пелените треба често да се менуваат; и двете поради истата причина“ - Хозе Мариа де Еса де Кеирош
„Никогаш не гласам за некого, секогаш гласам против“ - В.С.Филдс
„Живееме во свет во кој филозофијата е заменета со политика“ - Мартин Л.Грос
„Сите би сакале да гласаме за најдобриот човек, но тој никогаш не е кандидат“ - Кин Хабард
„Оние кои се премногу паметни за да влезат во политичките води се казнети со тоа што се водени од оние кои се поглупави“ - Платон
„Политичарите се исти насекаде. Ветуваат дека ќе изградат мост дури и онаму каде што нема вода“ - Никита Хрушчов
„Кога бев мал ми беше кажано дека секој може да стане претседател; почнувам да верувам во тоа“ - Клеренс Дароу
„Вистината не ја определува мнозинството гласови“ - Даг Гвин
„Политиката е уметноста која бара неволја, ја наоѓа без разлика дали постои или не, ја дијагностицира неправилно и користи погрешен лек“ - Ернест Бен
„
Политичарите се луѓе кои, кога ќе видат светло на крајот од тунелот, излегуваат и купуваат повеќе тунел“ - Џон Квинтон
„Не гласајте - тоа ги охрабрува“ - Били Коноли
„Најтешкото нешто за било која политичка кампања е како да се победи без да се докаже дека си недостоен за победа“ - Адлаи Стивенсон
„Наместо на политичарот да му ги дадеш клучевите од градот, подобро би било да ја промениш бравата“ - Даг Ларсон
„Причината поради која има помалку женски политичари е тоа што е премногу малтретирање да се стави шминка на две лица“ - Марин Марфи
„Политиката е војна без крвопролевање, додека војната е политика со крвопролевање“ - Мао Це Тунг
„Лошите политичари се избрани од добри граѓани кои не гласаат“ - Џорџ Џин Нејтан
„Проблемот со политичките шеги е што тие се избрани“ - Хенри Кејт
„Дали некогаш имате чувство дека единствената причина поради која имаме избори е да откриеме дали анкетите беа точни?“ - Роберт Орбен