X
 02.10.2015 Култура

Зошто јапонските деца се толку независни и самостојни?

деца 

 

Во Јапонија често можете да видите доста мали деца како патуваат сами со метро или одат во продавница без родител. Одговорот на прашањето зошто е тоа така, нема толку врска со независноста на детето, колку што има со довербата во општеството.


Вообичаената глетка во јапонскиот јавен превоз: децата се поминуваат низ вагоните на подземните метроа: или сами или во мали групи. Носат чорапчиња доколенки, облечени во кожни чевли, карирани училишни униформи, широки шешири прицврстени под брадата и карти за превоз закачени на ранците. Децата имаат од 6 години нагоре и самите патуваат од училиште до дома, без родител во близина.

Родителите во Јапонија редовно ги испраќаат своите деца надвор уште додека се сосема мали. Популарната телевизиска емисија наречена „Мојата прва задача“ ги прикажува децата од 2-3 години како одат надвор и извршуваат задачи за своето семејство. Додека внимателно одат во продавница или пекара, ги следи скриената камера. Оваа програма се емитува повеќе од 25 години.

Каито има 12 години и живее во Токио, а од својата 9-та година сам патува со воз до домот на двата родители кои се разведени и го делат старателството.  

„На почетокот бев малку загрижен дали ќе можам сам да патувам со воз. Но само малку загрижен“, признава тој.

Но, сега е доста лесно. И неговите родители на почетокот биле доста загрижени, но сепак се одлучиле за ова бидејќи сметале дека е доволно стар, а многу други деца веќе патувале на овој начин.

„Искрено се сеќавам дека размислував дека возовите се безбедни, стигнуваат навреме и едноставни се за користење, а тој е паметно дете. Сама патував со воз во Токио кога бев помала од него. Во мое време немаше мобилни телефони, но сепак успевав да стигнам до посакуваното место со возот. Ако се загуби, може да ни се јави“, вели неговата мајка.

Зошто јапонските деца се толку независни и самостојни?

„Тука не се работи за независна индивидуа, туку за довербата во групата. Јапонските деца рано учат дека во најдобар случај, одреден член на заедницата може да му помогне“, вели Двејн Диксон, антрополог кој напишал докторска дисертација за јапонската младина.

Ваквиот став се учи и на училиште кога децата се менуваат во чистењето и служењето на ручекот, наместо тоа да го прави вработен персонал.

„На тој начин децата учат да ги делат работите и да преземаат одговорност, и истовремено учат, на пример како се чисти бањата“, вели Диксон.

СО преземањето на одговорност за заеднички простор, децата стекнуваат чувство на сопственост и на конкретен начин разбираат за последиците од оставање неред. Оваа етика важи и за поширокиот јавен простор (ова е една од причините зошто јапонските улици се толку чисти). Детето кое е надвор во јавноста знае дека може да се потпре на група која ќе му помогне во вонредна ситуација.

Јапонија има доста ниска стапка на криминал, што сигурно е главната причина зошто родителите сметаат дека е безбедно да ги испраќаат децата надвор сами. Но, урбаниот простор со помали димензии и културата на користењето на јавниот превоз исто така придонесуваат за безбедноста, и  тоа е еднакво важно за перцепцијата на безбедноста.

„Јавните простори се по човечка мерка, што исто така се контролира протокот и брзината“, забележува Диксон. Во јапонските градови луѓето навикнати се секаде да одат пешки, такашто јавниот превоз доминира над автомобилите; во Токио половина од сите патувања се одвива или со воз или со автобус, а четвртина пешки. Возачите се навикнати на тоа да ги делат патиштата и да им даваат предност на пешаците и велосипедистите.

Маќеата на Каито вели дека не би пуштила 9 годишно дете само да патува во Њујорк или Лондон - само во Токио.

Тоа не значи дека во Токио не постои никаков ризик. Постојано проблем е допирање на жени и девојки, што во 2000 година доведе до воведување на вагон резервиран само за жени. Сепак, многу градски деца продолжуваат да патуваат со воз до училиште и да ги извршуваат задачите во својата населба без никаков родителски надзор.

Давајќи им ја оваа слобода, родителите покажуваат значајна доверба, не само на децата туку и на целата заедница. „Многу деца ширум светот се самостојни. Но, она што верувам дека ги интригира Западњаците во врска со Јапонија е токму тоа чувство на доверба и соработка со општеството, која доаѓа и тогаш кога не е побарана“, завршува Диксон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура