X
 23.03.2017 Живот

Албер Ками: Среќата е како признавање на криминал

Според Античките Грци среќата мора да се постигне заедно со етиката, личното надоградување и зрелост, како и општествената и граѓанска должност, за животот да има цел и значење.

Проблемот, според нив, настанувал со субјективната среќа, која може да значи длабока несреќа или тиранија за другите. Дали моралноста е потребна за цутот на човештвото и дали навистина ја промовира супериорната форма на среќа? Или пак, едноставно значи контрола над однесувањето на другите? Кога би му го поставиле ова прашање на Албер Ками, тој би одговорил:

„Денешната среќа е како криминал – никогаш не се признава. Не велете дека сте среќни, бидејќи ќе се изложите на осуда од средината“.

Ками сметал дека оние кои ги преферираат принципите над сопствената среќа, одбиваат да бидат среќни надвор од условите кои самите ги приврзале за својата среќа. Ками ги препознавал емоциите како длабоко поврзани за „солидарноста на нашите тела, унија во центарот на смртноста и страдалното месо“. Не е понижување да се чувствувате несреќни, истакнал Ками. Постоењето на тагата, всушност, Ками го потенцирал како нужност за да се пронајде вистината и секогаш го земал за пример Оскар Вајлд кој ја разбирал уметноста само преку тагата – емоција која мора да се чувствува со цел да се осознаат и позитивните емоции, како среќата.

Сепак, Ками, како Аристотел вели дека барањето на значајна среќа е морална обврска, но тој сфаќал дека потрагата по таа среќа, подразбира и еднаков капацитет за соочување и со апсолутниот очај.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот