Откако ко-основачот Џек Дорси и официјално повторно беше прогласен за извршен директор, компанијата „Твитер“ претстави нови функции за повторно привлекување на некои од стотината милиони поранешни корисници на истоимената социјална мрежа и истовремено добивање нови корисници.
Се работи за една функција наречена „Moments“, која претходно беше најавена како „Project lightning“. Функцијата им овозможува на корисниците на „Твитер“ инстантен преглед на најважните случувања во реално време, а изгледа како онлајн-магазин.
Впрочем, „Moments“ е низа приказни и најважни случувања кои се одберени од страна на уредници и може да се прегледуваат во апликациј, да се споделуваат по пат на линкови или да се вметнуваат во други интернет-страници.