X
 09.10.2015 Образование

Учениците од "Михајло Пупин" добија европски сертификати

Во периодот од 10-ти до 24 април, во рамки на ERASMUS + (European Community Action Scheme for the Mobility), 15 ученици од III година, заедно со професорите Јелена Стојановиќ Јосифовска и Драги Златевски, реализираа обука чија цел беше продлабочување на знаењата здобивање со специфични вештини од областа на програмирањето на PLC и микроконтролери . Обуката се реализираше во Школскиот центар во Крањ, Р. Словенија.




По повод успешно спроведената двонеделна обука, во училиштето „Михајло Пупин“, неодамна беа доделени ЕUROPASS сертификати на следниве ученици: Јане Трајковски, Петар Настевски, Методиј Лесански, Оливер Бојковски, Милан Обреновиќ, Александар Неделковски, Стефан Спасовски, Томе Илиевски, Ангел Давковски, Стојан Ѓоревски, Стефан Тодоровски, Александар Јањиќ, Глигорчо Костовски, Ѓорге Гогов и Денис Равмановски.

На настанот присуствуваа и сите ученици од трета година, а целта беше и тие да се мотивираат за аплицирање за учество во проектот NEW METHODS AND TECHNICS FOR NEW SKILL FOR JOBS. На ваков престој ќе има можност да се оди и в година.

Директорот на „Михајло Пупин“, м-р Ефтим Пејовски рече дека училиштето вложува напори во насока на подигање на квалитетот на воспитно-образовниот процес.

- Сакаме да произведуваме кадри од електротехничката струка препознатливи во нашата средина, но и пошироко по своите знаења и вештини. Имаме успешна соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и благодарение на нашите професори и на вработените во агенцијата, нашето училиште реализира двегодишен проект во кој 16 професори и 30 наши ученици ќе имаат можност да се стекнат со применливи знаења од областа на електротехниката - рече Пејовски.
Подготвил: Антонија Поповска-Христов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование