X
 08.05.2024 Наука

Бактериите на Меѓународната вселенска станица мутирале во нешто што досега не е видено на Земјата

Во 2018 година научниците открија нешто неочекувано на Меѓународната вселенска станица - станува збор за пет вида бактерии отпорни на повеќе лекови, а предизвикуваат „Ентеробактер буганденсис“. Сега истражувачите велат дека се откриени најмалку 13 вида. Ова значи дека оригиналните соеви мутирале во неколку нови соеви на бактерии кои досега не биле видени на Земјата.

Се разбира, невозможно е кој било човек никогаш да не дојде во контакт со бактерии. Сепак, со толку многу видови поврзани со разни болести, важно е да се потврди каков вид бактерии се наоѓаат наоколу, особено на важни места како Меѓународната вселенска станица. Бидејќи станицата е силно контролирана средина, откривањето на овие нови видови бактерии покрена некои прашања за идните напори за патување во вселената.

Микроорганизмите и бактериите што живеат на станицата се исклучително важни за да се обезбеди астронаутите да останат здрави во текот на нивниот престој на станицата. И поради микрогравитацијата и зголемената изложеност на радијација на станицата, некои бактерии честопати можат да мутираат во нови соеви досега невидени на Земјата.

Новото истражување објавено во март длабоко ги анализира новите видови откриени на станицата. Оваа бактерија е опортунистички патоген, што значи дека ќе предизвика болест кај личноста само ако веќе се бори со болест или има ослабен имунолошки систем. За среќа, астронаутите на станицата се подложени на ригорозни тестирања, така што тоа не е често случај. Но, како што овие астронаути поминуваат повеќе време во вселената, нивниот имунолошки систем слабее, што на бактериите би можело да им даде почва за размножување.

Истражувачите веруваат дека уникатната средина што ја пронашла бактеријата на станицата би можела да ја тера да мутира во бактерии досега невидени на Земјата. Се надеваме дека овие наоди ќе помогнат да се открие повеќе за динамиката на микробиолошкиот екосистем во рамките на Меѓународната вселенска станица за да им се помогне на истражувачите да најдат нови начини за ублажување на овие закани во иднина.

Извор: Bgr.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука