X
 15.10.2015 Здравје

Лекот за ракот случајно пронајден во маларијата?

лек


 

Се чини дека научниците случајно направиле огромен чекор напред во потрагата по лек за ракот - неочекувано откривајќи дека протеин од маларијата може да биде ефикасно оружје против болеста.


Данските истражувачи се обидуваат да пронајдат начин да ги заштитат бремените жени од маларија која може да предизвика големи проблеми бидејќи ја напаѓа плацентата. Но, истовремено тие открија дека маларија протеините можат да го нападнат ракот - пристап кој може да биде чекор напред кон лекувањето на болеста.

Научниците комбинирале малку протеин кој се користи во вакцината против маларијата да ги закопаат клетките и тоа во комбинација со токсин - што може да ги закопа клетките на ракот и да ги ослободи токсините, убивајќи ги.

Научниците открија дека и во двата случаи малариските протеини се врзуваат со исти јаглени хидрати. Тоа се сличностите меѓу овие две работи кои лекот може да ги искористи.

Јаглехидратите гарантираат дека плацентата ќе расте брзо. Но тимот позади новите сознанија детално опишуваат како јаглехидратите може да ја имаат истата функција во туморот - и паразитите од маларијата се прикачуваат на канцерогените клетки на ист начин, што значи дека можат да бидат убиени.

Научниците велат дека тие долго време биле во потрага по начин да се искористат сличностите меѓу плаценатата и туморот.

„Со децении, научниците се во потрага по сличности помеѓу растот на плацентата и туморот“, вели Али Саланти од Универзитетот во Копенхаген.

„Плацентата е орган, кој во рок од неколку месеци расте од само неколку клетки и му овозможува на ембрионот кислород и храна во релативно непозната средина. Туморот го прави истото, тој расте агресивно во релативно непозната средина“, продолжува тој.

Процесот веќе бил тестиран кај клетките на глувци со рак. Научниците се надеваат дека наскоро ќе започнат со тестирање на откривање кај луѓето во следните четири години.

Најголемите прашања се дали ќе функционира на човечкото тело и дали човечкото тело може да го толерира сето тоа, без развивање на несакани ефекти.

„Ние сме оптимисти, бидејќи протеинот се чини дека са прикачува на јаглехидрати кои се наоѓаат само во плаценатата и туморот кај луѓето“, велат научниците

Во тестирањата кај глувците, на животните им биле ставени три различни видови на рак.

„Го одделивме маларискиот протеин, кој се прикачува со јаглехидратите, а потоа додаден е токсин. Со спроведување на тестирањето на глувците, ние добивме можност да покажеме дека комбинацијата на протеини и токсини може да ги убие клетките на ракот“, завршуваат научниците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје