Најпрво, веднаш престанете да го читате текстот, исклучете го модемот од струјата и вратете се на учебниците, скриптите и белешките пред себе. Знаеме колку е тешко да се одлучите и да седните да учите кога последниот испит кој сте го дале беше во септември минатата година, а досега требаше да бидете дипломирани.
Невработени, но со диплома. И со целосно право да плукато по неправедниот систем и вселена.
Знаеме дека на сите околу вас им кажувате дека нема ништо да изгубите доколку живеете во Македонија како студент уште година или две и да уживате во предностите на студентот како што се скапиот живот во големиот град. Но, дефинитивно, погрешно е да го одолговлечувате факултетот и да ги одложувате испитите. Зошто?
Можеби на почетокот кога за прв пат се појавивте на факултет, се чувствувавте како Хари Потер во Хогвортс. Но, и него би му се смачило толку време. Се` е веќе поминато. На секој испит сте присуствувале, ги знаете цаките на сите професори. Навистина е досадно повторно и повторно да се враќате на местото на злосторството. И не е ова хипотетички бидејќи она што таму го правите, односно не правите, навистина е злосторство.
Друга работа, кога ќе одите во кафичите и рестораните близу факултетот, сите шанкери и работници од пекарата ве прашуваат каде сте биле година дена, со што вие дефинитивно ќе бидете усрамени. Колку и да се тешите со зборовите „и петтата година е за луѓе“, сепак го чувствуваш оној поглед.
Сигурно ќе ве сретнат такви погледи и од професорите, а и од новите студенти кои дефинитивно слушнале многу за повторувачот петта година по ред.
Додека бевте мрзелив, но редовен студент во вистинска смисла на зборот, не ви беше жал да го жртвувате летото и да учите додека не ги исположите сите испити. Но, ова веќе ви е петто лето со ред, и веќе се јавува проблем. Сега, кога поголемиот дел од вашите колеги ставаат слики на профилите од нивните летни патувања, вие треба да седите и да ја загреете столицата бидејќи ве очекува уште една казнена сесија.
Автор: Стефан Веселиновиќ /
VICE