X
 22.10.2015 Забава

Најдобриот изговор за ненапишана домашна задача

2
 

 

Сите знаеме, посебно наставниците, дека децата се ужасни во лажење кога станува збор за изговори за ненапишани домашни задачи, па често пати измислуваат бизарни и понекогаш, невозможни причини.

 

Од „мачката ми го изеде“, до „ми се истури млеко на тетратката“, децата ќе кажат се` само за да се извлечат од казната која им следува доколку не го напишат домашното.

Но, се чини дека Меди Кауфман го има совршениот изговор за нејзиното ненапишано домашно.

Имено, на наставничката на Меди, нејзините родители и` напишале порака објаснувајќи и` дека Меди не била во можност да ја напише домашната задача бидејќи нејзиниот дедо, научникот Томас Линдал, добил Нобелова награда за хемија.

 

2


„Ве молам да и` дадете на Меди уште еден ден за да ја заврши нејзината домашна задача. Имавме доста големи семејни вести и не успеавме да стигнеме до домашната. Нејзиниот дедо доби Нобелова награда за хемија!“ - пишува во пораката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава