X
 24.10.2015 Живот

Германија започнува со протерување на балканските азиланти денес

Само еден ден откако дознавме дека работењето во Германија ќе стане подостапно од 1 јануари 2016 година, дознаваме и дека оние кои ќе бидат одбиени на барањето на азил ќе бидат депортирани побрзо.


Имено, Германија најави применување на новиот закон за азиланти од 1 ноември, но примената сепак ќе започне уште денес. Пред сè, ова се однесува на луѓето од балканските земји, јавуваат германските медиуми, а потврдува и Координаторот за мигранти, Петер Алтмајер.

Новиот закон за азиланти предвидува поедноставнување на постапката за депортирање на одбиените азиланти во Германија.

На листата земји за кои се однесува законот се наоѓа и Македонија, а како новододадени земји се Косово, Албанија и Црна Гора. Овие земји се сметаат за безбедни земји во кои нема политички прогонувања или политичко измачување, па оттаму ниту причина за азил, но барањата на граѓаните сепак ќе бидат проверувани.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот