X
 12.10.2015 Живот

Дали Германија ќе го укине неограниченото право на азил?

azil

 

Германското право на азил е едно од најважните во светот - и токму тоа денес се наоѓа под голем притисок. Како тоа се развивало? Мислењата се различни.


„Политичките прогонувани лица уживаат право на азил“. Вака пишува во членот 16а на германскиот Устав. Според зборовите на хамбуршкиот правен филозоф Реинхард Меркел Германија е една од малкуте земји кои дозволуваат автентично право на азил. Меѓународното право, не познава вакво право, ниту пак голем број останати земји. И токму така и се сакаше: Под притисок од огромниот број движења на бегалци за време и после Втората светска војна, Сојузна Република Германија го доби најдарежливиот закон за азил. После неговата промена во 1993 година на сила стапи азилот без ограничување.

Додека мал број поднеле барање за добивање на политички азил, политиката и општеството немале проблем со ова. Сепак во текот на војните во поранешна Југославија во раните 90-ти, одеднаш стотици илјади бегалци отишле во Германија. Тогаш се забележани смртоносни напади на објекти во кои биле сместени поднесителите на азил. Речиси третина од Германците во една анкета спроведена на почетокот на 1992 година наведуваат дека бројот на баратели на азил мора да биде намален.

После жестока внатре-политичка расправа тогашната колаиција CDU/CSU-FDP со поддршка на опозицијата SPD ја ограничила можност за азил. Најважната промена била следната: оној кој ќе дојде преку сигурна трета земја, а тоа се сите соседни земји на Германија, од 1993 година нема да може да има право на азил. Теоретски гледано Германија со тоа херметички се затвори. Факт е дека бројот на барања на азил од 1993 година постојано опаѓал, на под 20.000 во 2007 година.

 

1


Денес голем број на луѓе доаѓаат во Германија на два три дена, најчесто неконтролирано. Државната служба повеќе не знаат колку и од кои земји доаѓаат мигрантите. Причината зошто старото правило повеќе не функционира е едноставна: некои земји од ЕУ едноставно дозволуваат мигрантите да поминат, наместо да ги проверуваат нивните барања за азил и да се погрижат за нив онака како што е нивна обврска според законот на ЕУ. „Тампон“ зоната кај други држави повеќе не функционира. А Германија, од друга страна, има право тие луѓе да ги врати назад, но тоа не го прави воглавно поради политичко-морални причини.

Во средината на септември Федералната влада под влијание на голем бран бегалци привремено воведе контрола на границата со Австрија. Но мигрантите и понатаму можат да ја преминат границата. И реформите за правото на азил беа усвоени кон крајот на септември во кои повеќето балкански земји се прогласени за „безбедни земји“, чиишто граѓани нормално не можат да поднесат барање за азил, меѓутоа и ова не го спречи протокот на беглци.

Дали Германија може долгорочно да се откаже од горните граници? Претходно, сите политичари на CSU сакаа дополнителни ограничувања кога станува збор за правото на азил или кога станува збор за соединување на семејство. Правно гледано ова е доста тешко. Иако кога станува збор за политички азил или воени бегалци чисто правно гледано не постои горна граница, сепак постојат фактички граници и финансиски граници.

Реинхард Меркел вели дека дефинирањето на оваа тешка задача припаѓа на политиката. Но при тоа не станува збор само за граници на она што апсолутно повеќе не е можно, туку на граници она што не е прифатливо.

Правниот филозоф Меркел, кој сосема случајно има исто име како федералната канцеларка, смета дека постоја граници прифатливи и на културолошко ниво. Тој мисли дека мора да постои фундаментално право на политичката заедница да ја задржи и одбрани својата внатрешна структура, својот историски востонавен начин на живот и пред се` своите принципи доколку постои опасност преинтензивниот прилив на мигранти да го повредат овој начин на живот и оваа култура.

Друго прашање е дали некогаш ќе му биде поставено прашање на населението за тоа што мисли за бегалците и азилот. Рајнхард верува дека ќе дојде момент кога ќе мора да биде организиран нов референдум или нови избори за оваа тема. Во спротивно, тој ставува дека ќе се акумулира потенцијално незадоволство кое би можело да се ослободи на деструктивен начин на следните избори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот