X
 10.12.2015 Живот

Зошто Финска ќе им дава минимален надомест на своите жители?

„Фаст компани“ зборуваа со научникот кој стои за националниот експеримент во Норвешка кој би можел да го промени начинот на кој владите низ светот се грижат за своите граѓани. Дали Финска би можела да стане првата земја во светот која би давала универзален основен надомест на жителите? Можно е.


На финската влада ѝ се допаѓа овој концепт и двои многу финансии за овој експеримент. Започнувајќи од 2017 година, до 100.000 Финци би можеле да добиваат 1.000 евра месечно покрај другите бенефиции. Овие среќници нема да мора да работат. Тие нема да мора да докажуваат дека се сиромашни за да ги добијат парите. Две години, тие ќе ги добиваат овие пари и ќе може да ги трошат онака како што сакаат.

Оваа идеја звучи лудо, но градови во Холандија и Канада веќе планираат нешто слично, а политичарите ширум Европа го поддржуваат истото. Финската влада се интересира за ова поради три главни причини, според Оли Кангас, кој го создал ексериментот.


За почеток, сè повеќе Финци работат половина работно време или како хонорарци. Овие луѓе не можат да добиваат бенефиции како вработените со полно работно време. Тие се некаде во средина. Првата причина за воведувањето минимален надомест е приспособувањето на овие промени на пазарот на труд.

Потоа, некои невработени Финци можеби не би барале работа бидејќи може да земаат пари од државата преку социјална помош. Владата се надева дека со основниот надомест, кој се дава без разлика на работниот статус, луѓето ќе сакаат да заработуваат повеќе од нивниот владин надомест наместо да не работат. Со ова, работата би била поатрактивна од сега.

Конечно, владата сака да ја намали бирократијата. Кога имате одредени бенефиции, владата не мора да ги тестира граѓаните како досега, кога тие сметаат дека им е потребна финансиска помош. Така се одбегнуваат бирократските обврски бидејќи секој има бенефиции за добар живот.

Некои медиуми пренесоа за новоста во Финска дека земјата ќе дава пари на сите свои граѓани, но тоа не е така. Се работи за ексеримент кој треба да покаже како ефект би имал основниот надомест.

Финансискиот надомест ќе се доделува на луѓе на возраст од 17 до 65 години, а по две години ќе се направат споредби и ќе се одговори главното прашање: Колку од луѓето со надомест сакаат да работат и кое е нивното ниво на среќа?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот