Експериментите кои ви ги претставуваме можете да ги направите сами со помош на предмети кои сигурно ги имате во вашиот дом. Со упаствата можете да го прочитате и објаснувањето - ова е навистина одличен начин за интересни и забавни експерименти од кои нешто и ќе научите.
1. Зошто балонот не пука?
За овој експеримент потребни ви се: свеќа, кибрит, 2 балони и вода.
Експеримент: Надувајте го балонот и ставете го над запален кибрит. Балонот секако ќе пукне. Другиот балон наполнете го со вода и повторно ставете го над кибритот. Балонот овој пат нема да пукне.
Објаснување: Водата во балонот ја апсорбира топлината која ја емитува свеќата, а поради тоа балонот не пука.
2. Воден молив
За овој експеримент ви се потребни: обичен молив, најлонска ќеса, вода.
Експеримент: Најлонската ќеса наполнете ја со вода до половина. Со пенкалото дупнете ја ќесата на местото кадешто е наполнета водата. Ќе забележите дека водата не течи од местата кадешто е дупната најлонската ќеса.
Објаснување: Оваа појава е поврзана со полиетилен што е претставува макромолекулски производ кој се добива со полимеризација на етилен и претставува еден од најкористените пластични маси. Кога ќе пукне, молекулите на полиетиленот се привлекуваат поблиску. Во тој случај тие се затегнуваат околу моливот.
3. Шарена зелка
За овој експеримент се потребни: 4 чаши вода, прехранбени бои, зелка (или бело цвеќе).
Експеримент: Во секоја чаша ставете вода и додајте било која прехранбена боја. Потоа во чашите ставете по еден лист од зелка (или еден бел цвет). Оставете ги да преноќат. Наутро ќе видете дека листовите се обоени во различна боја.
Објаснување: Растенијата ја апсорбираат водата и со тоа ги хранат цветовите и лисјата.