X
 12.11.2015 Култура

Охрид во фокусот на вечерашната епизода на Алхемија на Балканот Македонија


     
Вечерва во 21:30 часот на програмата на Ал Џезеира Балкан ќе се емитува третата епизода од серијалот Алхемија на Балканот Македонија.

Поголемиот дел од емисијата е снимена во Охрид, место кое долго се памети и кое чува историски спомени. Во градот има неколку десетици православни цркви, а легендата вели дека своевремено имало дури 365, по една црква за секој ден во годината.

Младиот стручњак Љупчо Кумбаровски , кој е многу повеќе од туристички водич, ни ги покажа главните храмови во градот. Градоначалникот на оваа општина, Никола Бакрачески потсетува дека во Југославија ова бил индустриски град, но дека поголемиот дел од погоните се пропаднати и дека луѓето се свртеле кон туризам.

Можеби денес се живее малку подобро, но владее голема несигурност, па затоа луѓето се уверени дека минатото било подобро.

Ја потсетивме старата работилница за правење хартија. Импресивно е да се види колку работи и вештини се потребни за да се изработи еден лист хартија , да се отпечати книга. Ќе можете да го видите и процесот кој е ист како и пред пет векови.

Двете охридски семејства, Филеви и Талеви сметаат дека се единствените наследници на тајната изработка на бисери која ја донеле Русите пред 100 години. Тоа е релативно добар бизнис во Охрид и со него се занимаваат многу луѓе, а купци има во текот на целата година. Екипата на Ал Џезеира помина и во Струга која е исто така на Охридското езеро, а на патот од Охрид кон Св. Наум го снимивме и местото каде „Билјана платно белеше“, како што се кажува во познатата македонска песна на која и се тажело и се веселело во многу екс-југословонески меани.

Не пропуштајте ја втората епизода, вечерва во 21.30 ч. на Ал Џезеира Балканс.

Првите две епизоди можете да ги погледнете подолу



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура