Секој наставник троши време и работи напорно за да му даде соодветна оцена и помош на секој ученик. За жал, постојат граници за времето потрошено од страна на наставникот на оценување, пишување белешки и охрабрување на учениците. Бен Џонсон, наставник по шпански јазик, нуди неколку совети за креативно оценување за своите колеги без тестови.
Меѓусебно оценување
Многубројните ментори Џонсон го научиле дека може да се заштеди време со доделување задача на учениците сами да си ги оценуваат тестовите. Секако, ова има негативни страни како мамење, но на крајот се исплати, вели Џонсон.
Инстантна проверка на разбраното
Џонсон советува оценување без тестирање. На пример, за време на проверка на домашната задача, наставникот може да провери и колку ученикот ја разбрал секоја задача и да го оцени веднаш во својата тетратка, истовремено ставајќи коментари на задачите и поправајќи ги.
Ставете „смајли“
Џонсон има интересен метод на оценување со печати. Имено, тој има печат со „смајли“ кој го користи за секоја добро изработена домашна задача. На
крајот на неделата, тој го внесува бројот на „смајлиња“ во својот дневник за евиденција, а учениците го гледаат ова како начин на оценување на нивната работа и се мотивирани да учат.