X
 02.12.2015 Наука

Пресметајте колку брзо се движите во вселената

Можеби ви изгледа дека во моментов не се движите, но грешите. Малата сина точка во вселената позната како Земја за нас секогаш кружи околу Сонцето, па дури и кога седите совршено мирни, низ вселената се движите со брзина која не може да ја замислите.


Би-Би-Си направи интересно видео во кое објаснува како се движиме низ вселената во реално време. Моментално, Земјата се врти околу Сонцето со приближно 29.722 метри во секунда. Тоа е исто како возење околу екваторот два и пол пати за 60 минути.

Но, Земјата не е ништо во споредба со Млечниот пат, кој се движи со брзина од 799.998.465 метри во секунда.

Едноставно кажано, брзината со која стоите мирни е толку голема што на секои 60 секунди поминувате дистанца колку дијаметарот на планетата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука