X
 03.11.2023 Наука

Кинески астронаути произведоа зеленчук во вселената

Астронаутите од кинеската мисија „Шенџоу 16“, кои безбедно се вратија на Земјата неделава откако поминаа повеќе месеци во вселената, одгледаа зеленчук во вселената.

По враќањето на Земјата, астронаутите ги покажаа зелената салата, доматите и кромидот што ги произведоа за време на мисијата во Кинеската вселенска станица. Зелената салата била засадена во јуни, а доматите и младиот кромид во август.

Проектот за производство на храна во вселената треба да ѝ помогне на Кина во идните долги вселенски мисии со астронаути.

Кинеските астронаути посочуваат дека освен за прехрана, зеленчукот во вселената може да се користи и за апсорбирање јаглерод диоксид и производство на кислород со фотосинтеза, како и за процес за филтрирање на вода.


Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука