X
 28.06.2022 Наука

Канабисот би можел да ги замени антибиотиците кај живината

Органска фарма во северен Тајланд храни кокошки со канабис веќе повеќе од една година. Канабисот ги заменува антибиотиците, а се чини дека методот досега функционира.

Преголемата употреба на антибиотици е проблем со кој се соочува индустријата за производство на пилешко месо со децении. Се проценува дека 70 отсто од сите антибиотици кои се одобрени за користење во САД се користат на фармите денес. Употребата на антибиотици доведува до нивна отпорност кај птиците, но и луѓето.

Во јануари минатата година, истражувачи на универзитетот „Чанг Маи“ започнале експеримент во кој на кокошки на една фарма им давале канабис наместо антибиотици. Канабисот се додавал во храната и водата која ја конзумираат птиците.

Помалку од 10 отсто од 1.000 птици починале од болест, што е приближно исто како процентот на птици што примале антибиотици, а починале од болест.


Фото: Pixabay

Професорот Чомпунут Лумсангкул од истиот универзитет изјавил дека канабисот веројатно содржи биоактивни состојки кои го подобруваат метаболизмот кај птиците и со тоа го зајакнуваат нивниот имунолошки систем. Истражувачите не го тестирале канабисот во случај на птичји грип или други тешки болести кои може да се јават кај птиците.

Кокошките хранети со канабис се продаваат со повисока цена во Тајланд бидејќи корисниците бараат побезбедни производи и се подготвени да платат повеќе. Освен тоа, ова пилешко место е помеко и има подобар вкус.

Истражувачите додале дека канабисот се исфрла од телото на птицата пред таа да стигне на масата на купувачите.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука