X
 03.02.2016 Здравје

Што се случува по секојдневно користење марихуана повеќе од 5 години?

Марихуаната и меморијата се линеарно поврзани. Колку повеќе марихуана пушите, толку полоши резултати ќе добивате на тестовите за помнење. Но, колку полоши?

„Вашингтон пост“ наведува пример за да го покаже влијанието на марихуаната. Имаме две групи од 10 луѓе. На секој од нив им кажуваме 15 зборови и од нив бараме да ги запомнат. 25 минути подоцна, бараме да ги повторат зборовите.

Во првата група има луѓе кои не пушат марихуана и тие помнат просечно 9 од 15 зборови. Во втората група се луѓето кои пушат марихуана секој ден во последните 5 години. Тие помнат просечно 8,5 зборови од 15-те.

Ова не изгледа како голема разлика, но доколку го помножите тоа со секои 5 години користење марихуана и разликата се зголемува. Сите луѓе не користат толку марихуана. Од 3.358-те испитаници во истражувањето, 311 (8%) користеле марихуана секојдневно повеќе од 5 години.

Меѓутоа, експертите се загрижени дека легализацијата на марихуаната ќе предизвика пострашни резултати.

Другите когнитивни способности кои биле истражувани во истражувањето, фокусот и брзината на процесирање, не се разликувале кај корисниците на марихуана.

Објавени истражувања :

Association Between Lifetime Marijuana Use and Cognitive Function in Middle AgeThe Coronary Artery Risk Development in Young Adults (CARDIA) Study

Long-term Marijuana Use and Cognitive Impairment in Middle Age

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје