X
 16.12.2015 Образование

Се` што треба да знаете за студирањето во Шпанија

Во Шпанија образовниот систем е одлично организиран и разновиден. Во него, шпанските и странските студенти имаат многу можности за професионално и лично усовршување. Во изминатите 70 години, во земјата биле отворени околу 80 универзитети, државни и приватни.


Студирањето и стипендирањето на странските студенти е на завидно ниво. По бројот на студенти кои доаѓаат од странство, Шпанија е меѓу водечките места во Европската унија. Најголеми универзитетски градови се Мадрид, Барселона, Саламанка и Гранада.

Факултети и универзитети

Шпанија денес има над 80 приватни и државни универзитети. Сите програми на овие универзитети се во склад со светските стандарди. Школарините се разликуваат во зависност од видот на универзитетот, студиската програма и локацијата. Најпознати универзитети и факултети се:

- Universidad Autónoma de Madrid
- Universidad Complutense de Madrid
- Universidad Carlos III de Madrid
- Universidad Rey Juan Carlos
- Universidad Politécnica de Madrid
- Universitat Autónoma de Barcelona-Universidad Autónoma de Barcelona
- Universitat de Barcelona-Universidad de Barcelona
- Universitat Pompeu Fabra-Universidad Pompeu Fabra
- Instituto Universitario de investigación José Ortega y Gasset
- Universitat Politécnica de Catalunya-Universidad Politécnica de Cataluña

Повеќе информации за универзитетите во Шпанија пронајдете ОВДЕ и ОВДЕ.

Странски студенти

Доколку престојот е подолг од 6 месеци, личностите кои се во земјата поради студии, истражувачка работа или усовршување, студентски размени или волонтирање би требало да поднесат барање за издавање картичка за странски студенти во Канцеларијата за странци или во најблиската полициска станица.

Учење од далечина

За да имате можност да слушате предавања на некои од професорите од шпанските универзитети може да одите на „Coursera“. Што се однесува со курсевите од универзитетите, се организираат од повеќе институции и може да ги најдете ОВДЕ, ОВДЕ и ОВДЕ.

Сместување

Во Шпанија постојат многу опции за сместување кои може да се прилагодат на сите вкусови, потреби и финансии. Студентските домови најчесто се сместени во близина на кампусот на универзитетот, а покрај соба, студентите добиваат и одржување, перална и библиотека. Актуелните понуди, цени, локации и детални карактеристики може да ги пронајдете ОВДЕ.

Делење на изнајмен стан е омилена опција на студентите. Тоа е и најекономично сместување, иако цените се разликуваат во зависност од регионот. Актуелните понуди, цени, локации и карактеристики најдете ги ОВДЕ.

Постои и опција за сместување со шпанско семејство. Некои универзитети имаат служби за наоѓање вакви сместувања. Студентите кои ќе се одлучат за ова сместување добиваат своја соба. Понудите, цени, локации и карактеристики најдете ги ОВДЕ.

Трошоци


Просечниот износ на пари кој се троши месечно во текот на студирањето во Шпанија изнесува помеѓу 900 и 1.100 евра. Овие цифри варираат во зависност од градот во кој се студира.

Што е потребно за упис?

При уписот, добро распрашајте се за факултетот и најдете ги сите информации на интернет-страницата на посакуваниот факултет. Стандардно се приложува:

- Упатно писмо
- Важечки пасош
- Формулар
- Професионална биографија
- Сертификати од претходни студии
- Препораки
- Доказ за поседување доволно финансии за живот или за одобрена стипендија
- Сертификат за познавање на јазикот на кој ќе се следи наставата
- Доказ за поседување парични средства за студирање надвор од земјата
- Лекарско уверение
- Фотографии
- Податоци за членовите на семејството
- Студентска виза.

Документите мора да бидат законски важечки и преведени на англиски или шпански јазик, во зависност од барањето на факултетот.

Студентски визи

Студентите кои сакаат да се образоваат во Шпанија мора да имаат валидна студентска виза. Во случај на пократој истражувачки престој, таа не е потребна. Странците мора да имаат студентска карта за престој за која се поднесува барање во земјата. Повеќе информации за ова може да добиете во конзулатот на Шпанија во Скопје.

Стипендии

Има повеќе различни видови стипендии и економски надоместоци за студентите кои планираат да студираат во Шпанија. Доколку сакате да аплицирате за стипендија, може да се информирате ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование