По најавите за новите цени на автобускиот превоз кои требаше да стартуваат од 1-ви јануари се огласија градоначалникиот на Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП Игор Јанушев, тие денес соопштија дека цената за едно возење со автобус и по Нова година ќе изнесува 35 денари.
„Тој предлог од 60 денари не важи, важи цената од 35 денари. Сакаме да бидеме електронски, сакаме да одиме со мобилни телефони кои го поклопуваат целиот свет, меѓутоа сакаме во готово да плаќаме. Во ред, останува 35 денари“, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.