Норвешка повторно се најде на првото место и е најдобрата земја за живеење од страна на програмата за развој на Обединетите Нации.
Во анализата беа вклучени образованието, приходот по глава на жител и очекуваниот животен век за да може да се утврди рангот на една земја. Норвешка се наоѓа на врвот, додека Нигер е земјата која се најде на дното. На дното се најде и Сирија и Либија.
„Норвешка со текот на времето успеа да ги зголеми своите приходи, а во исто време се осигура дека приходите се релативно рамно распределени“, вели Јенс Вандел, кој раководи со административниот оддел на програмата.
Доколку ја посетите Норвешка, и некое време престојувате во оваа земја, лесно забележливо е зошто оваа земја го држи врвот на листата за најдобро место за живеење. Постојат голем број фактори поради кои Норвешка е одлична земја, а следниве се само неколку од нив.
Бесплатни погреби и венчавки
Норвежаните нема за што да се грижат во оваа област. Самата држава плаќа за нивната свадбена церемонија (ги плаќа црквата и свештеникот) и нивниот погреб.
Скоро бесплатно образование
Поголемиот дел од норвешките универзитети и државни универзитетски колеџи се финансирани и норвешката влада смета дека пристапот до високото образование за сите е важен дел од норвешкото општество. Со тоа, како правило норвешките државни универзитети и универзитетски колеџи не наплаќаат за школарина. Тоа важи и за странските студенти, без разлика на тоа од која зема доаѓаат.
Среќни нови татковци
90% од норвешките татковци земаат најмалку 12 недели татковско отсуство, додека за мајките е 12 месеци платено породилно искуство, плус тие имаат субвенционирана детска грижа. Значи, нема списоци на чекање по градинките.
Збогум автомобили
До 2019 година во центарот на Осло повеќе нема да има автомобили.
Политичките реклами се забранети
Сигурно на голем дел од вас им се смачени политичките пропаганди пред и после изборите. Во Норвешка забрането е политичко рекламирање на телевизија, радио и во весниците.
Права за хомосексуалците
Норвешка, како и поголемиот дел на Скандинавија, е многу либерална во однос на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите (ЛГБТ) и нивите права. Истополовите бракови станаа правно признати во Норвешка во јануари 2009 година.
Богати се
Норвешка го има најголемиот суверен фонд во светот, кадешто ги штеди скоро сите пари кои ги добива од продажбата на нафтата.
Платата не е тајна
Секоја година, даночните властиво Норвешка ги објавуваат деталите за приходите и богатството на луѓето.