X
 23.12.2015 Образование

Помалку тестови, повеќе "дивина" во образованието

Владата на Велика Британија планира да воведе државни тестови за седумгодишниците. Тестирањето е тема на дебати во периодово и во Македонија. Дали ова е вистинската одлука?


„Гардијан“ пишува дека децата денес се изложени на постојано тестирање во обидите на политичарите за мерење на успехот на училиштата.

Бен Фогл вели дека „тестовите го оставиле со чувство на безвредност и недостаток на самодоверба. Колку полошо резултати добивав, толку поголем притисок чувствував за да добијам резултати кои никогаш не ги добивав“.

Фолд објаснува дека „дивината го спасила“. Природата му ја дала самодовербата која му била потребна. Токму затоа, вели тој, наместо трошење време и пари на тестови, треба да се „фокусираме на благосостојбата и охрабрувањето на нашите деца да се поврзат со природниот свет.“

Доказите покажуваат дека играта во природата или на отворено е добра за социјалниот и емотивен развој и ги прави децата подобри тимски играчи. Има и многу примери од кои може да се учи. Германскиот визионер Курт Хан бил еден од пионерите на образованието на отворено. Тој основал училиште во Германија во кое се работи на развивање физички вештини и се работи на активности на отворено, во вистинскиот свет.

Скандинавците го водат овој пристап во областа со години. Освен часови на отворено, тие го заменуваат предавањето по предмети со теми. Системот има цел да ја подобри комуникацијата, самодовербата, карактерот кај детето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование