X
 30.12.2015 Култура

Германија даде зелено светло за велосипедските автопати "Autobahns"

germanija

 

Жителите го поздравија подвигот на германските власти, изградба на автопат за велосипеди, како одговор на урбаниот метеж и загадувањето на воздухот и како начин за безбедно да стигнат на работа.


Германија ги отвори првите пет километри автопати наменети за велосипедистите, а нивниот план за ваков автопат е да создаде вкупно 100 километи. Автопатот ќе ги поврзува западните градови како Дуисбург, Бохум и Хам и четири универзитети, а ќе се протега низ некористената пруга во индустрискиот регион Рур. Речиси два милиони луѓе живеат во рамките на рутата и ќе бидат во можност да го искористат автопатот за нивните секојдневни релации.

Потпомогнати од подемот на побарувачката за електрични велосипеди, новата патека има за план да исклучи од сообраќај околу 50.000 автомобили. Идејата, која произлезе од Холандија и Данска, започна да се јавува и во другите делови од Германија.

Банкарскиот центар Франкфурт, планира патека долга 30 километри јужно кон Дармштат, а Минхен планира 15 километри патека во северниот дел на своите предградија, додека Нирнберг започна со истражувачки проект за негово поврзување со четири градови токму со ваков велосипедски автопат.

Во главниот град Берлин, градската администрација во почетокот на декември даде зелено светло за истражување кое би можело да го поврзи центарот на градот со југозападното предградие Зелендорф.

Новиот вид на велосипедски патеки се широки околу четири метри, имаат ленти за претекнување и крстосници преку надвозници и подвозници. Патеките се осветелни и исчистени од снег. Како и повеќето инфраструктурни прокети, и велосипедската патека „Autoban“ се соочува со потешкотии особено кога станува збор за финансирањето.

Моментално ситуацијата во Германија е комплицирана, бидејќи федералната влада гради и одржува моторни патишта, железнички патишта и водотеци, па велосипедската инфраструктура е во надлежност на коланите власти.

„Без поддршка од државата, проектот нема да има шанси да опстои“, велат градските власти. „Мора да се пронајде нов концепт за нивно финансирање“.

Велосипедскиот клуб од Германија „ADFC“ тврди дека 10% од патувањата во земјата сега се извршуваат со велосипедот како превозно средство, со што државата би требала да даде најмалку 10% од федералните средства за транспорт токму на велосипедизмот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура