Семејството Адамс оваа година се враќа на сцената во анимирана верзија - според IMDb, премиерата се очекува во октомври, а гласовите за главните јунаци ги позајмуваат Шарлиз Терон, Оскар Ајзак и други. Знаеме и како ќе изгледаат анимираните ликови на Мортиша, Гомез, Среда, Пагзли...
Фото: Printscreen
Во исчекување на нивните нови авантури, сакавме да видиме каде се денес главните јунаци на филмот за семејството Адамс во кој се заљубивме на почетокот на 90-тите години.
Мортиша - Анџелика Хјустон
Анџелика Хјустон беше име и пред да облече црно и да ја изговори култната реплика на Мортиша Адамс. Ќе ја препознаете во серијата „Транспарент“ на „Амазон“.
Гомез Адамс - Раул Хулиа
За жал, Раул Хулиа почина во 1994 година, само по една година откако по вторпат го одглуми Гомез Адамс во филмот „Вредности на семејството Адамс“ (1994).
Пагзли - Џими Воркман
По „Семејството Адамс“, Џими толкуваше неколку помали улоги, но на крај го пронајде своето место зад камерите, занимавајќи се со технички работи.
Среда - Кристина Ричи
Среда Адамс ги отвори вратите на Холивуд за Кристина Ричи - талентираното девојче израсна во една од најангажираните актерки што редовно ги гледаме и во кината, и на телевизија, и на црвениот тепих.
Вујко Фестер - Кристофер Лојд
Морничавиот вујко Фестер го глумеше одличниот Кристофер Лојд, чија најпрепознатлива улога сепак ќе остане Док Браун од „Враќање во иднината“.
Бабата - Џудит Малина и Керол Кејн
Прво бабата ја глумеше Џудит Малина, која почина во 2015 година. Во вториот филм оваа улога ја презеде Керол Кејн.
Лурч - Карел Страјкен
Карел Стајкен без никаков проблем повторно би можел да игра во „Семејството
Адамс“ и во „Твин Пикс“.