X
 15.01.2021 Здравје

МЗ: Од понеделник анализи за Д-димери и ЦРП и во три скопски поликлиники

Министерството за здравство информира дека од понеделник во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Драчево“ пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димери и ЦРП.

Овие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид-пациентите.

-Во трите поликлиники од следната недела ќе има посебен план, лицата што треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во термини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти. Со овој начин им олеснуваме и на матичните лекари и на пациентите да не мора да одат во ковид-центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена услуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување - вели директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Драчево“, велат оттаму, се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје