X
 07.11.2023 Живот

Новогодишно изненадување во срцето на Лондон - елка инспирирана од светот на книгите

Елка со висина од 10 метри, инспирирана од класичните библиотеки, создава чувство како да се враќате во времето на старите филмови и прекрасните дрвени библиотеки кои и денес ги красат престижните британски локации.

Она што ја прави оваа елка уште попосебна е што во нејзината основа има делови со тапацирани клупи, слични на оние во возовите, каде што патниците можат удобно да седат и да уживаат во аудиокнигите додека го чекаат својот воз.

Овие книги доаѓаат од издавачката куќа „Пингвин“, па патниците на станицата можат да уживаат во делата на класиците од Чарлс Дикенс, Мајкл Морпурго и Беатрикс Потер.

Поставувањето на оваа необична елка од книги на железничката станица има посебно значење. Божиќ и Нова година отсекогаш биле инспирација за многу писатели, а многумина од нив инспирацијата за своите книги ја наоѓале додека патувале со воз.

Патувањето со воз често оди рака под рака со добрата книга, што ја прави оваа иновативна елка идеална декорација која го комбинира празничниот дух со љубовта кон книгите.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот