X
 25.07.2017 Живот

Агенција за храна: Немаме предупредување за небезбеден производ на „Нестле“

На македонскиот пазар нема од житните снегулки на компанијата „Нестле“ кои се повлекуваат од продажба во повеќе држави, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Хрватското Министерство за земјоделство извести дека компанијата „Нестле Адриатика“ како мерка на претпазливост ги повлекува снегулките „Нестле нестум експерт зоб и суви сливи“ бидејќи на пазарите на Европската Унија во сличен производ, кој го немало во оваа држава, е утврдено зголемено количество полициклични ароматски јаглероводороди. Со оглед на тоа што истата суровина се користела и за производство на овесните снегулки, компанијата, за да обебзеди сигурност и квалитет на производите, се одлучила да го повлече производот од продажба.



- Досега преку Системот за брзо предупредување на Европската Унија – RASSF, нема добиено нотификација со број 2017.1036 за небезбеден производ  - житни снегулки „Нестле Нестум Експерт со зоб и суви сливи“, кој компанијата „Нестле Адриатика“ превентивно го повлекува од хрватскиот пазар, по добиената нотификација дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди - информираат од македонската Агенција за храна и ветеринарство.

Оттаму велат дека според податоците од Системот за брзо предупредување на Европската Унија, производот е дистрибуиран во Белгија, Холандија, Грција, Бурунди и Уганда и овие земји треба да преземат мерки за негово повлекување и за информирање на јавноста.

- Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата за повлекувањето на производите и будно ја следи состојбата. Доколку се јави потреба, веднаш ќе реагира преку преземање на потребните мерки за безбедност - велат оттаму.
Подготвил: Н.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот