Ким Џонг-ун ангажирал мистериозна инфлуенсерка да промовира севернокорејски ски-центар на „Инстаграм“.
Неговиот потег е прилично чуден со оглед на тоа што во земјата има забраната за користење социјални мрежи, но тој е познат по својата непредвидлива природа.
Позната како Викторија, руската манекенка се соочи со низа критики откако се пресели во Северна Кореја. Таа редовно ги користи социјалните мрежи, па почнаа да кружат шпекулации дека е поврзана со руската амбасада во Пјонгјанг.
Целото ова шоу започнало истовремено кога Путин почна да ги охрабрува Русите да одат на одмор во Северна Кореја како благодарност за испораката на проектили и гранати.
Објавите на 23-годишната манекенка го прикажуваат празниот ски-центар Масикрјонг каде што таа земала часови по скијање на англиски јазик. По објавата, интернет-корисниците веднаш почнаа со коментари.
- Ако навистина се преселите во Северна Кореја, прво ќе ви го одземат телефонот. И како ќе најдете интернет таму - пишува еден интернет-корисник.
Набрзо интернет-корисниците утврдија дека таа сигурно е единствена блогерка во Северна Кореја и дека ќе добиеше 50 години затвор ако снимаше без дозвола.
- Не разбирам како е можно. Колку што знам, странците немаат право на постојан престој - пишува друг интернет корисник.
И додека некои стравуваат дека на овој начин се промовира животот во тоталитарна држава, други се сомневаат дека инфлуенсерката е сопруга на руски дипломат или друг функционер во Пјонгјанг.
Ски-центарот Масикрјонг се наоѓа на три часа возење од главниот град, а се чини дека манекенката ужива со оглед на објавените содржини. Викторија има речиси 80.000 следбеници на неколку социјални мрежи и се верува дека е мажена.
- Пријавувањето во хотелот беше пријатно. Ми се допадна собата, планинската куќа беше чиста и светла и имаше сѐ што е потребно за пријатен престој. И, секако, имаше прекрасен поглед кон скијачката област - пишува Викторија.
Викторија студирала на Факултетот за маркетинг и односи со јавноста во Москва, каде што живеела поголемиот дел од својот живот. Се чини дека во Северна Кореја живее од ноември.
Следниот месец треба да почнат петдневните руски скијачки тури со сместување во хотели со четири и пет ѕвезди и превоз од најблискиот поголем руски град Владивосток, а почетната цена ќе биде околу 680 евра.
Извор:
Тhe Sun
Фото: Social media / east2west news)