X
 15.01.2026 Живот

Замрзна езерото Балатон во Унгарија, првпат по 9 години

Езерото Балатон, кое се наоѓа во Унгарија и е најголемо во Централна Европа, во последните неколку дена е целосно покриено со мраз, нешто што се случува првпат по девет години.

Имено, иако температурите во последните неколку дена беа доволно ниски за да се формира мраз, честите силни ветрови постојано го кршеле и го поместувале мразот кој пловел на површината на езерото. Сепак, пред неколку дена ситуацијата се променила.

Брзината на ветерот значително се намалила, а температурите по должината на брегот паднале под 10 Целзиусови степени на неколку места. Ова конечно му овозможило на мразот да се поврзе во цврст слој по целата површина на езерото.

 

Балатон е едно од најголемите слатководни езера во Европа, а глетката на замрзнатото езеро привлече многу локални жители и туристи. Властите предупредуваат дека мразот не е безбеден за одење или лизгање по него. Дебелината на мразот по должината на брегот е помеѓу два и девет сантиметри, што е значително помалку од потребното за безбедно движење. Мразот е опишан како „опасен за живот“, со можни пукнатини и слаби точки покриени со снег, што ја прави површината непредвидлива.

Исто така, фериботските линии помеѓу Сантод и Тихани работат нормално бидејќи мразот сè уште не ја загрозил пловидбата.

Мештаните се собрале во близина на главното пристаниште за фериботи за да бидат сведоци на ретката глетка. Додека некои уживале во враќањето на студеното време, други изразиле загриженост за климатските промени и нивното влијание врз временските услови во регионот.

Езерото Балатон, со зголемени атмосферски врнежи, влијае врз климата на околното подрачје - има повеќе облачни денови, помали варијации во температурата отколку во остатокот од Унгарија. Туризмот е многу развиен, а повеќето посетители доаѓаат од јуни до септември, кога просечната температура на водата е 25 °C.

Извор: klix.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот