Кои се корените на живиот јазик и колку од денешните живи јазици се во опасност од изумирање?
На инфографикот во продолжение, направен од Стивен Џонс, извршен директор на „Derviation.co“, е прикажана состојбата на живите јазици во светот.
Еден јазик изумира на секои 40 дена. Огромното мнозинство на загрозени јазици се наоѓа во домородните заедници, кои ризикуваат губење на културата и знаењето. Според сегашните стапки, 90 отсто од јазиците во светот би можеле да исчезнат во наредните 100 години.
Фото: Visual Capitalist
Според податоците од „Етнолог“, јазиците се класифицирани во 12 состојби на виталност и три пошироки категории:
- Загрозени: децата не го учат и не го користат јазикот, и тој веќе не е норма;
- Стабилни: јазикот се користи во домот и заедницата, сите деца го учат, но тој формално не се користи во институциите.
- Институционални: јазикот се користи надвор од заедницата, во институциите.
Денес, над 88 милиони луѓе зборуваат на загрозени јазици. Регионот на Океанија има најголема густина на загрозени јазици, со 733 загрозени јазици. Со население од 8,8 милиони, Папуа Нова Гвинеја е дом на најмногу јазици во светот. Често малите јазични заедници имаат само неколку стотици луѓе што го зборуваат јазикот.
Африка има 428 загрозени јазици, а многу од нив се групирани околу екваторот. Раселеноста, сушата и конфликтите се некои од клучните причини поради кои јазиците се загрозени.
Во Северна и Централна Америка, 222 јазици се во опасност од исчезнување. Всушност, 98 отсто од домородните јазици во САД се загрозени, што е една од највисоките стапки во светот.
На другиот крај од спектарот има 490 институционални јазици со 6,1 милијарди говорители во светот.
Фото: Visual Capitalist
Ревитализација на јазиците
Благодарение на клучните иницијативи, јазиците може да се зачуваат.
На пример, во текот на 70-тите години маорскиот јазик го зборувале само 5 отсто од маорските ученици. Денес, 25 отсто го зборуваат јазикот, поттикнати од напорите на Маорите, што ја натера владата да го заштити со закон.
На Хаваи само 2.000 луѓе го зборувале мајчиниот јазик во 70-тите години. Откако владата се погрижи да се учи во училиштата, бројот на говорители скокна на 18.700 во 2023 година.
Напредокот на вештачката интелигенција обезбедува и алатки за зачувување на јазиците. Така, на пример, „Гугл“ и „Мајкрософт“ развиваат алатки за вештачка интелигенција што можат да преведуваат јазици со импресивна брзина, овозможувајќи им на јазиците што изумираат да станат подостапни за да не се бришат.
Извор:
Visualcapitalist.com
Фото: Freepik