X
 23.09.2018 Забава

Британците имаат проблем со изговорот на Скопје

Можете ли да изговорите Ејафјатлајекул? Има многу места чии имиња се тешки за изговарање. Да не го споменуваме велшкото село Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох.

Сепак, истражување спроведено од британската агенција „Болсовер Круз Клаб“ откри дека градот Птуј во Словенија е најтежок за изговор за британските туристи, односно дека 92 отсто од нив не можат да го изговорат. Мнозинството го изговарале „Пут-оој“.

Туристите се мачат и со португалскиот град Гимараеш (88 отсто) и со хрватска Ријека (84 отсто). Скопје не можат да го изговорат 80 отсто од анкетираните, а 76 отсто имаат проблем со мексиканскиот град Оахака.

Фото: Daily Mail

Резултатите од студијата покажаа дека туристите најмногу се мачат со грчките имиња и дека грчкиот јазик е најтежок за оние што доаѓаат од англиско јазично подрачје, а по грчкиот јазик следат словенечки, шведски, дански и хрватски.

Тешки јазици за Британците се македонски, велшки и унгарски.

Туристите се изнамачиле со многу имиња, но зборот кој најверојатно е најтежок за изговор, Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох, се најде дури на 11 место.

Слушнете како тој се изговара.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава