По потекло од Ужица, во далечната 1930 година Стефанија Цеца Дробњак победила на изборот „Мис на Кралството Југославија“ и учествувала на изборот „Мис на светот“ во Бразил.
Италијанските медиуми ја прикажувале како типична претставничка на српската убавина, со вита става, црна коса и црни очи.
Честа да ѝ ја додели титулата на новата мис на Југославија ја добил Бранислав Нушиќ, кој ѝ ја подарил лентата на Стефанија.
Родена во 1912 година во Белград, Стефанија се здобила со одлично образование. Студирала во Трст, Берн, Атина и во Рим. Освен мајчиниот јазик, зборувала и англиски, германски, италијански и француски, се занимавала со цртање и сликање, а свирела и на клавир.
Во интервју за „Време“ открила дека потекнува од познатото семејство Дробњак од Херцеговина. Нејзиното семејство се преселило во Белград за време на владеењето на кнезот Милош, а нејзиниот дедо и татко биле окружни началници. Таа била внука на генералот Јован Белимарковиќ, а подоцна и сопруга на капетанот од прва класа Ромео Адум.
Фото:
Facebook