Aмериканскиот наставник Бен Елис моментално се соочува со најголемата битка во неговиот живот- битката со ракот.
Но, учениците од неговото училиште одлучиле да му дадат поддршка на прилично прекрасен начин - тие се собрале под неговиот прозорец и му запеале. Елис работи во академијата „Christ Presbyterian“ во Нешвил, а неговата колешка Лесли Пондер вели дека идејата била на самите ученици кои очигледно го обожаваат.
Сите 400 ученици се упатиле кон неговиот дом, и заедно со наставниците го создале ова
прекрасно видео прегледано повеќе од 18 милиони пати.
„Сите го сакаме Елис и неговото прекрасно семејство. Децата одлучиле на прекрасен начин да ја вратат љубовта кој тој им ја даваше низ изминативе години. Тој е дефиниција за тоа како треба да биде еден наставник“, пишува еден родител на неговиот профил.