Опкружена со Германија, Белгија и Франција, Луксембург е една од најмалите земји во Европа и во светот. Надалеку е позната по средновековните замоци, недопрените природа и долините со винови лози, но и по пријатното живеење во мултиетничка заедница.
Вино и сливова ракија
Главниот град, исто така именуван Луксембург, честопати се нарекува Град на два ката, со Стариот град од 1 век кој гордо стои на високата карпа над зеленилото, а долу е сместен модерниот дел од градот. Најдобриот начин да го разгледате е да тргнете на двочасовна прошетка по историските бедеми и знаменитости, низ камените улици со цркви и кули.
Треба да го посетите малиот плоштад со пешачката зона „Плас д'Aрм“, како и „Шерман де ла Корниш“, најубавата европска тераса. Со својата убавина се издвојува и луксембуршкиот дворец, кој датира од раниот среден век.
Во земјата живеат речиси 450.000 жители, од кои најмногу се Луксембуржани и Португалци, а има вкупно 170 различни народи. Животниот стандард е исклучително висок, а приходите се стабилни. Во Луксембург се наоѓаат и неколку институции на Европската Унија, како Европскиот суд за правда, Европскиот ревизиски суд и Европската инвестициска банка.
Луксембуршката кујна потсетува на германската кујна, како и на јадењата на земјите од Централна Европа. Француската и италијанската кујна исто така се популарни, а многу ресторани служат национални јадења од овие земји.
Луксембург се гордее со неколку области каде што се одгледува лозјето, така што овде често се пие вино, а позната е и луксембуршката сливова ракија.
Луксембург е познат и по прекрасните ренесансни згради. Би било убаво да ги посетите катедралата Нотр Дам, градските казамати кои се под заштита на УНЕСКО и Златната дама - споменик во знак на сеќавање на војниците од Првата светска војна. Сепак, најпознатиот симбол на градот е 153-метарскиот мост наречен Адолф.
View this post on Instagram
Вчера Премьер-министр страны в прямом эфире провел конференцию по карантину. Главный посыл, что сегодня скорость распространения вируса такая, что может охватить до 60-70% населения. Как по мне, это все стало ожидаемым, когда поступила информация о первом местном инфицированном. Все-таки мы очень маленькие... В итоге, протянув две недели, они решили закрыть школы и сады на две недели. Плюс отменяются разные публичные мероприятия. Все остальное работает в штатном режиме. Сегодня, кстати, начались рестодни, и я иду на ужин. Отмены ресторан не прислал, зато прислал сообщение, что они все продезинфицировали и ждут 🙂 Что еще... предлагают реже пользоваться общественным транспортом. Пассажирам в переднюю дверь вход запрещен, водителя оградили от салона лентой за два метра. В магазине еще не была. Но доходят слухи, что все уже смели. Паника - штука заразительная, да. Лично сама я спокойна как удав. Я уже столько всего пережила начиная с проблемы - 2 000 до календаря Майя, не считая того, что породившая и воспитавшая тебя страна превратилась в большую тыкву. Всем здоровья, не паникуйте и соблюдайте правила гигиены! #infoaboutlux #visitluxembourg #go_planet #luxembourg #люксембург #map_of_europe #luxembourgcity #luxembourgville #tourism #outdoor #гидлюксембург #travellingthroughtheworld #discoveryourcity #europe_pics
A post shared by Татьяна Горчакова (@guideluxembourg) on
Северниот дел од Луксембург воодушевува со својата природна убавина. Тука се наоѓа националниот парк по горниот тек на реката Зауер, а целата област е позната и по неверојатните видови птици и пеперутки и неодоливите предели.
Источен регион
Луксембуршкиот источен регион Мулертал е наречен и „мала Швајцарија“ поради ридските предели што неодоливо потсетуваат на Швајцарија. Главниот град е Ехтернах, кој исто така е и најстариот град во целата земја.
View this post on Instagram
Bourscheid Castle is the largest in Luxembourg. It occupies an area of some 12000 square meters and dates back to the 11th century. It stands – as the recent archeological research says – on the foundations of an older castle which was most likely wooden. The site was known from the Roman times. The castle developed over several centuries uniting more buildings within an outer circular wall wall with 11 watchtowers. Technically it is split into sections - the upper and the lower castles. But unfortunately only its keep and the palace survived the harsh times. The rest of the castle is open air ruins of different age accessible for visitors. Photo by @canipel 👍👍👍🙏🏻😍 . Замок Буршайд – это самый большой по площади замковый комплекс в Люксембурге. Он занимает площадь в 12000 квадратных метров. Замок был построен в 11м веке на месте более ранних деревянных укреплений. А место, на котором он стоит, облюбовали еще римляне. Замок, находящий в собственности Графов Люксембургских, постепенно разрастался, все больше построек были защищены стеной с 11ю боевыми башнями. Однако до наших дней сохранились только дворец с донжоном, стены и башни. Остальная часть – это руины, по которым, впрочем, интересно побродить. . #burgbourscheid #bourscheid #bourscheidcastle #буршайд #chateaudebourscheid #luxembourg🇱🇺 #luxemburgo #instacastles #instacastle #люксембург #medievaltimes #medievalcastle #medievaleurope #medievalarchitecture #middleages #замкимира #замкиевропы #europeancastles #castlesofeurope #средниевека #средневековье #средневековыйзамок #castlesofinstagram #castlearchitecture #luxembourgcastle #castlesofluxembourg #luxembourgcastles #gothiccastle #dronepicture #renaissancecastle
A post shared by Castles and Palaces (@castles_and_palaces) on
Велосипедски тури
Луксембуржаните се прилично страсни кога станува збор за велосипедизмот. Имаат 600 километри градски и 700 километри планински велосипедски патеки, кои минуваат низ живописни предели и недопрена природа. Организираните велосипедски тури со водичи тука се секојдневие.
Бесплатен јавен превоз
Од први март Луксембург стана првата земја во светот каде што јавниот превоз е целосно бесплатен, а целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.
Патниците треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.
Фото: Instagram