Во моментов се тестираат материјали од седум лица од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Меѓу лицата има две трудници што вчера биле донесени од Дебар, едната во болница во Охрид, а другата во Скопје. Двете трудници се во стабилна состојба и не се непосредно пред породување, соопшти денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој информира и дека дел од лицата чии материјали се тестираат престојувале во Швајцарија, Австрија и во Германија и по враќањето во земјата развиле температура. Резултатите се очекуваат во текот на денот.
Тринаесетте пациенти што во моментов се на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба, а првата пациентка утре ќе биде пуштена дома, додаде тој.
Министерот извести и дека Детската болница во Козле ќе се подготви да прими деца евентуално заболени од коронавирус. Дотогаш, тие ќе се префрлаат на Клиниката за педијатрија за да бидат изолирани од возрасните.